logo
logo
logo

ФИФА листа: Проклети Германци – уште ќе чекаме на победа против селекција од топ-10!

Vecer | 02.04.2021

ФИФА листа: Проклети Германци – уште ќе чекаме на победа против селекција од топ-10!

 

И покрај победата над Германија, нашата најдобра репрезентација на ФИФА листата, како проекција, за месец април ќе се најде на 62. место. Значи ќе скокнеме само три места, секако дека се очекуваше далеку подобар пласман.

Да кажеме дека ФИФА својата официјална листа ќе ја објави следниот четврток, на 8 април.

И покрај победата над “панцерите“ сепак ние и натаму немаме победа над репрезентација која се наоѓа во топ-10 селекции во моментов.

Проклети Германци, па тие не се меѓу првите десет селекции, тие за месец март беа на 13.место, а за овој месец ќе бидат едно место погоре, на 12.место. Малку чудно, но така е, или барем таква е проекцијата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk