logo
logo
logo

ФИФА ќе го казни Мексико поради навреди кон хомосексуалците

Vecer | 26.03.2021

ФИФА ќе го казни Мексико поради навреди кон хомосексуалците

Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против Мексико поради хомофобни испади за време на дуелот против Доминиканска Република, одигран на 18. март.

На овој натпревар имаше одреден број на навивачи, според забелешките на официјалните лица, од трибините ги навредувале хомосексуалците.

Поради ова на Мексико му се заканува казна, можно е одземање и на бодови.

„ФИФА потврдува дека е отворена дисциплинска постапка против фудбалскиот сојуз на Мексико поради дискриминирачки пораки на мечот до Доминиканска Република“, се вели во сопштението на ФИФА.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk