logo
logo
logo

ФИБА одлучи: Светските претквалфиикации ќе се играат во „балони“

Vecer | 11.05.2021

ФИБА одлучи: Светските претквалфиикации ќе се играат во „балони“

На својот последен состанок, Бордот на европскиот дел од ФИБА донесе важна одлука. Прифатен е предлогот кој вели дека и претквалификациите за Светскиот Куп 2023, ќе се играат во сега добро познатите „балони“.

Наместо размена на домаќинства, 12. селекции кои се дел од вториот претквалификациски циклус за места во оние „главни квалификации“, ќе играат на четири одвоени турнири од „затворен тип“ во периодот од 12. до 18. август, 2021 година.

Местата на одигрување на т.н. „балони“ ќе бидат дополнително одредени, откако ќе бидат разгледани сите пријави за организација-домаќинство

Ова се доста променети услови за машката сениорска репрезентација, која според првичниот план на ФИБА, во периодот од 11. до 28. август требаше да ги одигра четирите средби од „Ф“ квалификациската група во која се уште и репрезентациите на Швајцарија и на Словачка.

Првопласираните две селекции од секоја од четирите групи одат во следниот, квалификациски формат за пласман на Светскиот Куп кој ќе се одржи во 2023 година, во три различни земји, Јапонија, Филипини и Индонезија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk