logo
logo
logo

ФФМ понуди премија, играчите ја одбија, а немирот продолжува!

Vecer | 26.03.2021

ФФМ понуди премија, играчите ја одбија, а немирот продолжува!

Понудената премија од 40.000 евра која ФФМ ја вети на играчите и покрај поразот од Романија (3:2), нема да се реализира, откако капитенот Горан Пандев експресно ја одби наградата. Истата е за пораз, а не за победа или бод, и затоа капитенот во име на останатите фудбалери и стручниот штаб не прифаќаат награда за пораз.

Правилникот околу премиите за престојните квалификации за пласман на СП 2022 се причина за тензична атмосфера на релација ФФМ – репрезентација. Истата слика беше и во пресрет на дуелот со Романија за кој наградата беше 80.000 евра за победа која стигна и до 130.000 евра, а од 40 до 70.000 евра стигна наградата за бод во Букурешт. Но, Македонија го загуби натпреварот, а деновиве се очекува од ФФМ и службите да обелоденат колку ќе биде вкупната премија на играчите и стручниот штаб за пласман на СП.

ФФМ во декември исплати рекордна сума за наши услови како награда за играчите за пласманот на ЕП. Момент кој донесе многу караници и несогласувања. Најмногу јавноста коментираше за одлуките- награди да добијат членовите на УО, лица од стручните служби… (вакви одлуки имало и во БиХ, Србија, Хрватска….па и по клубовие кога екипата има успех а дел парите добиваат и вработените во истите). Ваквиот потег кој можеби и не е вистински не треба да биде причина за раздор! Никој никому не му зел од тоа што му следува.

Но, тоа се пари на УЕФА кои дојдоа како награда за ФФМ за успехот на националниот тим. И порано имало награди за играчите кои не избориле место на ЕП или СП и не добила „куќата на фудбалот“, награди од УЕФА или ФИФА. Но, Македонија со пласманот на ЕП доби историски момент.

Ноемвриското славје се претвори во „битка“ за премии наместо денови во кои сите заеднички треба да се подготвуваат за настапот на ЕП.

Ова се тешки денови на пандемија, битка за живот за спас. Денови во кои државата е во колапс, нема вакцини, имаме рекордни бројки на заразени и починати. Денови во кои едно се борат за подобро утре, а други се караат за „премии“. И кога се кај маките на граѓаните и премиите никаде не слушнавме и не видовме дека некој даде дел од премиите во хуманитарни цели. Ниту играчите, ниту стручниот штаб – ниту членовите на УО!

Има само тензии, препукувања и сето тоа на штета на националниот тим. Во едни други времиња и некоја „виша“ сила беше со нас, па така ако шутневме во аут, топката ќе завршеше во гол. Букутрешт го покажа спротивното! Сега имаме шанси, игра а топката не не сака… Не е се во парите!!! Оној во Велес, Скопје и Тетово навива за победа, за својката репрезентација и за боите на Македонија. Народот не добива премија, се надева на успех и радости кои му требаат во овие тешки денови. Ние се подготвуваме за на ЕП или за нови „војни“!?

Закопајте ги секирите!


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk