logo
logo
logo

Фернандо Меира: Роналдо да се смири веднаш, капитенска лента не се фрла на земја

Vecer | 28.03.2021

Фернандо Меира: Роналдо да се смири веднаш, капитенска лента не се фрла на земја

Не престануваат реакциите по повод поништениот гол на Португалија синоќа во дуелот во Белград и ремито 2:2. Сите ја видовме реакцијата на Кристијано Роналдо, стрелецот на непризнатиот гол за победа во последните секунди од мечот за Португалија, а сега не недостасуваат критики на неговата реакција потоа.

Ајде што „урлаше“ на помошникот судија, трчаше накај него, а акцијата ни оддалеку не беше завшрена, како кулминација, ја извади од десното рамо капитенската лента и ја фрли на земја.

Еден од оние кои секако е најкомпетентен да ја прокоментира ситуацијата е Фернандо Меира, некогашниот португалски репрезентативец кој го носеше националниот дрес десетина години и му беше соиграч на Кристијано Роналдо.

„Реакцијата на Роналдо на судиската одука е природна, но е неприфатливо да капитенот на националниот тим да се однесува така. Капитенската лента не смее да се фра на земја и да се замине во соблекувална, а мечот сеуште трае“ – вели Меира па додава.

„Тоа е неприфатливо за фудбалер кој има такво влијание. Нормално дека сите се согласуваме со неговата фрустрација во моментот, затоа што тоа беше чист гол, и судијата и без ВАР мораше да го види тоа, но однесувањето на Роналдо по тоа е едноставно неприфатливо“ – истакнува Меира.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk