logo
logo
logo

Ферари се предадоа уште пред да почне сезоната: Немаме шанси за титула оваа сезона!

Vecer | 27.02.2021

Ферари се предадоа уште пред да почне сезоната: Немаме шанси за титула оваа сезона!

Шефот на Ферари, Матија Биното, призна дека италијанскиот тим и оваа сезона нема да биде конкурентен за титулата во Формула 1 шампионатот. Иако оваа изјава на Биното е ново разочарување за фановите, сепак, тој вели дека е реален во однос на минатогодишен јаз меѓу нив и лидерите во шампионатот, кој не може да се надополни за само една година.

„Минатогодишното заостанување е многу значајно. Ова не е нешто што можеме да го стигнеме за една зима. Во 2021 година, ќе се фокусираме на болидот за 2022 година. Ова е наша главна задача. Така, нема да трошиме многу време на болидот 2021 за време на шампионатот“, вели Биното.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk