logo
logo
logo

Феникс испиша историја - влезе во прволигашкото друштво

Vecer | 12.05.2021

Феникс испиша историја - влезе во прволигашкото друштво

Феникс е новиот прволигаш. Избраниците на Денис Дервишевиќ го добија одлучувачкиот дуел против Партизан Водно Сан со убедливи 79:49. Оваа победа добива на поголема тежина, ако се земе во предвид дека во составот го немаше репрезентативецот Андреј Митревски, кој поради повреда го пропушти решавачкиот натпревар.

„Честитки за целокупниот тим што учествуваше при креирање на овој голем успех. Со срце како планина, го вложивме нашиот играчки и тактички капитал и издвојувавме победа на домашен терен со вкупен резултат 2:1 од три натпревари. Благодарност до сите кои не подржуваа и веруваа во нас. Одиме да ја прославиме победата“, пишаа од таборот на Феникс на социјалните мрежи.

Согласно со прпопизициите, овие две екипи ќе одлучат и кој ќе биде освојувач на трофејот наменет за најдобриот во Втора лига-мажи за сезоната 2020/2021.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk