logo
logo
logo

Фантастично: Кој сака да го купи Халанд ќе мора да плати вкупно половина милијарда евра!

Vecer | 14.04.2021

Фантастично: Кој сака да го купи Халанд ќе мора да плати вкупно половина милијарда евра!

Едвај се чека јуни за да се види дали Ерлинг Халанд ќе го направи трансферот на векот. Имено сите светски гиганти, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Сити, Јунајтед, Челзи го посакуваат “ѕверот“ на Дортмунд. Ова се клубовите кои засега може да си дозволат да го платат.

А вкупната цена за тој трансфер е “ситница“ од пола милијарда евра. Сума која секако дека ќе биде светски рекорд. Значи секој оној кој ова лето ќе го посака Хаканд во своите редови ќе мора вкупно да плати од 450 до 500 милиони евра.

Дортмунд знае дека ако чека до следното лето тогаш Норвежанецот ќе може да се оди, поради откупната клаузула, за само 75 милиони евра отштета. Вака подобро е ова лето да го пуштат за околу 170 милиони евра, сума на која германскиот гигант би можел да се согласи. Потоа на тие 170 милиони евра треба да се додаде и платата на Халанд за евентуален договор од пет години, која би изнесувала околу 50 милиони евра годишно, значи плус некои 250 милиони евра.

Секако дека тука се разните бонуси,, како и провизиите на менаџерот Мино Рајола и таткото на Халанд, кој исто му е манеџер кои би изнесувале најмалку 50-60 милиони евра.

Па така сега на потег се клубовите кои имаат половина милијарда евра за Ерлинг Халанд.

Факт е дека ова ќе биде најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, ајде да видиме кој ќе ја “активира“ таа бомба наречена Ерлинг Халанд.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk