logo
logo
logo

Фабрицио Романо: Агуеро е приоритетот на Барселона ова лето

Vecer | 14.05.2021

Фабрицио Романо: Агуеро е приоритетот на Барселона ова лето

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, објави предмалку дека Серхио Кун Агуеро дефинитивно ќе биде приоритетот број еден на тимот на Барселона ова лето.

Аргентинецот по бројни сезони минати во Манчестер Сити си заминува, а Барселона очигледно ќе инсистира на него од неколку причини.

Тој сеуште игра на високо ниво и покрај годините, нема да чини премногу како некои други сериозни фудбалски звезди во моментов, а клучно е секако неговото огромно пријателство и блискост со Лионел Меси.

Романо тврди дека Агуеро има понуди од три клуба, но дека Барселона е фаворитот за негово доведување.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk