logo
logo
logo

ОВА СЕ МОМЦИТЕ КОИ ЌЕ ГИ БРАНАТ БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Лазаров ги одбра 19-те ракометари кои ќе настапат на ЕП

Vecer | 06.01.2026

ОВА СЕ МОМЦИТЕ КОИ ЌЕ ГИ БРАНАТ БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Лазаров ги одбра 19-те ракометари кои ќе настапат на ЕП

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров, ги одбра 19-те ракометари со кои Македонија ќе настапи на престојното Европско првенство во Данска, Норвешка и Шведска.

Македонија е во група со домаќинот Данска, потоа Португалија и Романија, а натпреварите ќе се играат во Хернинг.

Овие ракометари ќе ја претставуваат Македонија на престојното Европско првенство 2026 година:

1. Иван Галевски

2. Петар Атанасијевиќ

3. Никола Костески

4. Филип Кузмановски

5. Игор Ѓорѓиев

6. Жарко Пешевски

7. Михаил Аларов

8. Мартин Велковски

9. Самоил Ристевски

10. Никола Митревски

11. Мартин Томовски

12. Иван Џонов

13. Ненад Костески

14. Марко Митев

15. Павле Атанасијевиќ

16. Марко Стојковиќ

17. Никола Марковски

18. Мартин Серафимов

19. Дамјан Митев

„Согласно натпреварувачката форма и здравствена состојба на играчите, последниот ракометар кој беше дел од досегашниот процес на подготовки, а по одлука на стручниот штаб отпадна од списокот патници на Европско, е Мартин Ивановски. Македонската машка ракометна репрентација во раните утрински часови ќе отпатува во Швајцарија, каде финалното темпирање на формата ќе го има на пријателските натпревари во рамки на ,,Жолтиот куп”.

На 8. јануари Македонија ќе игра против Бахреин од 20:30h, ден подоцна против Украина, а „генералката“ ќе биде против Швајцарија на 10. јануари со почеток во 18:30 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk