logo
logo
logo

Моќна Барса: Каталонците го декласираа Билбао за пласман во финалето во Супер Купот!

Vecer | 07.01.2026

Моќна Барса: Каталонците го декласираа Билбао за пласман во финалето во Супер Купот!

ФОТО: FC Barcelona/FB

Моќна Барса. Составот на Ханси Флик вечерва во Џеда (С.Арабија), во првото полуфинале во Супер Купот на Шпанија просто го декласира Билбао со 5:0. С оваа победа каталалонскиот гигант се пласира во финалето во ова натпреварување, кое се игра на 11 јануари, исто во Џеда. Кој ќе биде противник на Јамал и другарите, ќе се знае по утрешното второ полуфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Уште во 22.минута Феран Торес ја најави голедата. Осум минтути подоцна веќе беше 2:0 со голот на Фермин, по асистенцијата на Рафиња. Во 34.минута Барџи стрелаше за 3:0 а Рафиња со гол во 38.минута, на асистенција на Барџи, го заврши првото полувреме со 4:0.

Да напоменеме дека Јамал не беше стартер туку Барџи на таа лева напаѓачка страна на Барса, но потоа Јамал влезе и одигра дваесетина минути, место Барџи.

Во второто полувреме ни од далеку не беше како во првото, само треба да се напомене додавањето на Барџи до Рафиња а Бразилецот ги постави конечните 5:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk