logo
logo
logo

ЕУРО У21: Португалија ја исфрли Италија, Германија прво се спаси па пројде на пенали

Vecer | 31.05.2021

ЕУРО У21: Португалија ја исфрли Италија, Германија прво се спаси па пројде на пенали

Репрезентациите на Германија и на Португалија влегоа во полуфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Унгарија и Словенија. Во денешните четвртфинални мечеви, Германија беше подобра од Данска на пенали (6:5, по 90 минути беше 1:1, а по 120 минути беше 2:2). Овој меч се одигра на „Мол Арена“ во Секешфехервар.

Данците поведоа со голот на напаѓачот на Вејле, Вахидулах Фагир во 69. минута. Германците изедначија со голот на Нмеча во 88 минута. Во првото продолжение Буркард ја донесе Германија во водство за потоа Данска да изедначи преку Нелсон од пенал. Се прејде кон пенал-рулетот, а таму посреќни беа Германците со 6:5.

Возбудлив меч со седум гола одиграа Португалија и Италија на „Стожице“ во Љубљана. Португалците славеа со 5:3 по продолженијата. Со два гола на Дани Мота, Португалците поведоа со 2:0, но пред крајот на првиот дел Побега намали. Во вториот дел Рамос зголеми за Португалија, но потоа Скамака намали за во последните минути Кутроне да изедначи на 3:3.

Во продолженијата Португалците ја запечатија победата. Жота погоди во 109. минута и потоа Консеисао во 119. минута за триумф и пласман во полуфинале.

ПОЛУФИНАЛНИ ДУЕЛИ

ШПАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk