logo
logo
logo

ЕУРО 2020: Засега Амстердам е “затворен“ за нас, во Букурешт со ПЦР тест за тридневен престој

Vecer | 23.04.2021

ЕУРО 2020: Засега Амстердам е “затворен“ за нас, во Букурешт со ПЦР тест за тридневен престој

УЕФА денеска ги информира фановите ширум Европа, а секако и нашите кои планираат да ја бодрат Македонија на ЕУРО, за посебните Ковид-19 мерки, се со цел пренството да мине на најдобар начин што се однесува до пандемијата.

Се вели дека секоја земја домаќин на ЕУРО си има посебни мерки, но тие се менуваат и треба постојано да се следат до стартот на првенството, кое се одржува од 11 јуни до 11 јули.

Секако дека за нас најважно е како да се отпатува во Букурешт, каде играме прво со Австрија и Украина, а потоа и во Амстердам, каде ќе ги одмериме силите со домашната Холандија.

И порано беше објавено дека секој оној кој што ќе оди во Букурешт, за да се избегне карантинот, ќе мора да има нов ПЦР тест не постар од 72 часа, но престојот ќе се ограничи само на три дена. Значи не може да се врзат двете средби во Букурешт против Австрија и Украина.

Во врска со Холандија проблемот е многу поголем. Македонија е прогласена за земја од висок ризик во врска со пандемијата и поради фактот дека ние не сме во ЕУ тешко се влегува во таа земја. Засега мерките од таа земја се дека постои забрана за влез во Холандија.

Да, постои начин, но само се оди во карантин кој ќе трае најмалку десет дена.

Имено на граница прво треба да приложиш ПЦР тест не постар од 72 часа. Потоа се прави и брз тест на Ковид-19 не постар од 24 часа пред поаѓање. Без разлика дали си негативен,мора да одиш во карантин кој ќе трае 10 дена. По петиот ден во некоја тамошна здравствена установа, можеш да направиш нов тест и ако си и тогаш негативен, можеш да искочиш и да одиш на натпревар.

Па така ако останат овие мерки, тогаш тешко дека наши навивачи би оделе во Амстердам да ја бодрат Македонија на ЕУРО против Холандија.

Останува да се надеваме дека сепак овие мерки ќе бидат полабави за ЕП.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk