logo
logo
logo

ЕСПН: Барса и Меси се договорија за нова соработка (ВИДЕО)

Vecer | 21.04.2021

ЕСПН: Барса и Меси се договорија за нова соработка (ВИДЕО)

Во сенка на она што се случува по повод Суперлигата и нејзниот сега веќе опстанок, шпанските медиуми, поточно ЕСПН верзијата за тој регион, објави дека Лионел Меси и БАрселона конечно се договориле околу нова соработка и потпишување на договор.

Ова е тема која е на маса веќе извесен период, многу работи се сменија, околностите не се веќе така лоши на Ноу Камп и Меси очигледно дека одстапи од својата првичлна намера да си замине.
Тоа нормално во прв ред беше спречено од новиот претседател Лапорта, кој со аргентинецот има долгогодишна конекција, и кој во никој случај немаше да дозволи заминување на Меси.

Договорот според реноминариот новинар Кристијан Мартин ќе биде со важност до 2023 година, а следен порег ќе биде и доведување на Серхио Кун Агуеро, инаку најблизок пријател и кум на Лионел Меси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk