logo
logo
logo

Ериксен: Добро сум со оглед на тоа што ми се случи

Vecer | 15.06.2021

Ериксен: Добро сум со оглед на тоа што ми се случи

На огромно задоволство на светската јавност, репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен утринава на социјалните мрежи објави фотографија и порака дека е добро и дека полека закрепнува од колабирањето кое што му се случи на стартот на ЕУРО, на мечот против Финска.

Ериксен загуби свест и се струполи на земја во еден момент, и само брзата интервенција на лекарскиот тим му во спаси животот.

Тој беше пренесен итно во болница, веднаш беше ставен под третман и засега е добро.

Од болницата во Копенхаген каде што во моментов се наоѓа Ериксен утринава испрати порака со која им се заблагодари на сите оние кои му дадоа безрезервна подршка во овие моменти.

„Добро сум со оглед на околностите во моментов. Им благодарам на сите оние кои се со мене и моето семејство во моментов. Сеуште имам долг период на закрепнување пред мене но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за Данска и за моите другари да стигнат што подалеку на ЕУРО.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk