Автогол за аналите на светскиот фудбал. Го постигна португалски фудбалер по име Руи Филипе Фариа. Тој го постигна еден од најбизарните автоголови на сите времиња. Стоперот на третолигашот Вилаварденсе допринесе во поразот на својата екипа со овој епски автогол во финишот на мечот.

Противничкиот играч тргна во контра напад, го лобуваше голманот но топката удри во пречката, а таа се спушти на петерецот каде што стоеше Фариа непречен од никого. Тој скокна и со глава ја смести топката во мрежата.


sportmedia.mk