logo
logo
logo

Елмас влезе во 85.минута: Наполи го “реши“ Милан во супер – дербито на “Марадона“!

Vecer | 06.04.2026

Елмас влезе во 85.минута: Наполи го “реши“ Милан во супер – дербито на “Марадона“!

ФОТО:.facebook.com/SSCNapoli/

Елиф Елмас вечерва одигра само неколку минути на супер – дербито меѓу Наполи и Милан кое го добија домашните со 1:0, со голот на Политано во 79.минута вечерва на “Марадона“ стадионот во Неапол. Нашиот Дијамант мечот го започна од клупата, а влезе во игра во 85.минута на местото на Кевин Де Брујне.

Со овие три бода Наполи сега е втор со -7 бода во однос на лидерот Интер, а Милан падна на третата позиција по ова 31.коло во Серија А.

Први се заканија гостите преку Павловиќ во 13.минута, но неговиот шут со глава за малку беше непрезецизен. Вратија домашните преку Спинацола кога биеше опасно од далечина, но немаше среќа. Нкунку во 35.минута речиси да имаше зицер пред домашниот гол, но сантиметри го делеа од радост.

На почетокот на вториот дел Наполи за малку ќе поведеше, но опасниот шут на Џиоване, голманот на гостите Мењан едвај го одбрани.

И тогаш дојде голот за водство на домашните. Се играше 79.минута кога Политано, откако пред пет минути влезе место Спинацола, убаво се снајде пред гостинскиот гол за 1:0, за еуфорија на “Марадона“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk