logo
logo
logo

Е.Пелистер супериорно во Автокоманда, Металург без шанси

Vecer | 10.04.2021

Е.Пелистер супериорно во Автокоманда, Металург без шанси

Е.Пелистер ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Металург, славеше со 22-32 во рамките на петото коло во плеј-офот во кам-бекот на Жељко Бабиќ на клупата по Ковид-19. Битолчани не му дозволија на домашниот состав во ниту еден момент да помисли на победата, во првото полувреме примија само девет гола, дадоа вкупно 20.

Одбраната на Метаург беше целосно разоружана, ништо подобар не беше ниту нападот, Хендави се врати на голот на Е.Пелистер и одигра феноменален натпревар. По 6-8, гостите со серија од 3-12 зголемија на двоцифрени 9-20. Битолските ракометари поведоа и со 13-25, до крајот немаа никаков проблем.

Е.Пелистер го запиша четвртиот триумф, додека Металург го запиша третиот пораз.

Периќ со седум гола беше прв стрелец, два гола помалку имаа Мараш и Костески, Хендави беше одличен со 13 одбрани. Хорват и на оваа средба беше најдобар кај Металург имаше седум гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk