logo
logo
logo

Е.Пелистер го поддржа пелистерскиот маратон во планинско трчање

Vecer | 11.05.2021

Е.Пелистер го поддржа пелистерскиот маратон во планинско трчање

Два спортски бренда од Битола се соединија во промоција на меѓусебните манифестации. Неколку ракометари на Е. Пелистер денес присуствуваа на официјалната промоција и снимањето на видео спот за првиот маратон во планинско трчање (Pelister Unique Trail Marathon).

Чаневски, Мараш, Костески, Мандалиниќ, Периќ, Иван Димитровски и Граџан се дружеа со организаторите на натпреварувањето, директорот на трката Ненад Лазиќ, поранешниот ракометар Златко Димитровски и останатите членови на клубот ПУТМ. Тие учествуваат во снимање на видео спот во кој ги повикаа сите професионалци и рекреативци да земат учество на маратонот кој е предвиден на 21 и 22 август.

Во импровизиран ракометен натпревар на падините на скијачката патека на Ниже Поле, ракометарите се покажаа како вистински професионалци и пред фото-објективот и пред камерите. Тие ветија дека ќе го промовираат настанот и во следните месеци, а маратонците наскоро ќе ги бодрат и на трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk