Џирона вечерва на “Монтиливи“ со 3:0 успеа да го победи составот на Ваљадолид во меч од 18.коло во Ла Лига и да освои три бода. Веднаш да кажеме дека во составот од Каталонија не беше нашиот Бојан Миовски поради повреда, познато е дека Македонецот е на пауза поради повреда.
Фаворитот успеа да дојде во водство во 31.минута со голот на Лопез, за да осум минути подоцна Руиз зголеми на 2:0. И со тој резултат заврши првото полувреме.
Во финишот на средбата, поточно во 81.минута Данјума ги постави конечните 3:0 за Џирона.
Со овие три бода Џирона сега има 25 и се наоѓа на осмата позиција на табелата, додека Ваљадолид остана на тие 12 и на тоа претпоследно место на табелата во Ла Лига.