logo
logo
logo

Дурент победнички кај своите (ВИДЕО)

Vecer | 14.02.2021

Дурент победнички кај своите (ВИДЕО)

Бруклин ја запиша 16-та победа оваа сезона, откако на гостувањето кај Голден Стејт славеше со 117-134. Ова беше посебен дуел за Кевин Дурент, против својот некогашен тим постигна 20 поени, пет скока и шест асистенции. Прв стрелец во редовите на Нетси беше Кајри Ирвинг со 23 поени, Џејмс Харден имаше дабл-дабл од 19 поени и 16 асистенции, зад своето име додаде уште 8 скока.

Кај домашниот состав, Стев Кари имаше 27 поени, кои не беа доволни за триумф.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=5c9QarluUgk[/embed]

Јута продолжува победнички во НБА-лигата, на домашен терен го совлада Мајами со 112-94, и тоа благодарение на одличната игра во третата четвртина во која дојдоа на плус 21 (63-42). Донован Митчел имаше 26 поени, додека Бојан Богдановиќ застана 19 поени.

На останатите средби, Њујорк го совлада Хјустон со 121-99, Атланта – Индијана 113-125 и Феникс беше подобар од Филаделфија со 120-111.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk