logo
logo
logo

Дуплантис како на шега го освои европското злато во скок со стап со нов рекорд!

Vecer | 07.03.2021

Дуплантис како на шега го освои европското злато во скок со стап со нов рекорд!

Светскиот рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис ја освои европската титула во сала и тоа на тотално доминантен начин. 20-годишниот Швеѓанец постави нов европски рекорд во сала, прескокнувајќи фантастични 6,05 метри.

Тој го обезбеди златото веќе со прескокнати 5,85 метри, а потоа ја качи летвичката на висина од над шест метри. Дуплантис, кој има 6,10 метри оваа зима, се обидува да постави нов светски рекорд уривајќи ја границата од 6,19 метри, но вечерва тоа не му успеа.

Досегашниот европски рекорд во сала беше 6,04 метри и го држеше Рено Лавиени од Прага 2015 година.

Интересно, на ЕП во Торун својот прв медал во скок со стап го освои Валентин Лавиени, кој е помлад брат на поранешниот светски рекордер Рено. Валентин денеска го изедначи неговиот личен рекорд од 5,80 м за сребро на првенството во Полска.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk