Дрејмонд Грин: Клубовите не смеат вака да не третираат, лигата мора да не заштити (ВИДЕО)

Дрејмонд Грин, играчот на Голден Стејт Вориорс, синоќа ја имаше можеби една од најважните прес конференции во поновото време во НБА лигата. Тој по триумфот над Кливленд од 129:98 буквално „експлодираше“ на пресот, а повод беше трејдот на Андре Драмонд кој не играше за Кавалирси затоа што дозна дека е трејдуван.
„Го видов на загревањето, потоа го снема и се врати во „цивилка“. Дознал дека е трејдуван. тоа буквално е „с..ње“. Сетете се само што му се случуваше на Џејмс Харден кога побара трејд од Хјустон, а не му беше дозволено. Не му беше дозволено и буквално го уништија. Доколку не правиш онака како што сакам, ти си канцерот во тимот, и пробуваат да те уништат. Де Маркус Казинс по мечот од новинарите дозна дека е трејдуван. Ентони Дејвис беше казнет со 100 илјади долари бидејќи јавно изјави дека сака да замине во друг клуб. Тимовите можат да прават што сакаат, а ние мора да сме професионалци. Мора да не почитуваат повеќе. Како играч ти си ништо во споредба со екипата. Тоа мора да се промени. Лигата мора да не заштити“ – изјави Грин.
sportmedia.mk