logo
logo
logo

Дортмунд го победи Франкфурт и го завери второто место во Бундеслигата!

Vecer | 08.05.2026

Дортмунд го победи Франкфурт и го завери второто место во Бундеслигата!

ФОТО:.facebook.com/BVB/

Борусија Дортмунд го потврди второто место во Бундеслигата откако славеше во воведниот натпревар од претпоследното 33. коло на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт со 3:2, продлабочувајќи ја серијата лоши резултати на овој тим на „Сигнал Идуна Парк“.
Иако традиционално лошо се снаоѓаат во Дортмунд, гостите од Франкфурт поведоа во втората минута, бидејќи Јилмаз Џан Узун постигна гол во втората минута. Секако дека тоа беше шок за домашните кои сепак на пауза заминаа со водство од 2:1 откако Гираси во 42. и Шлотенбергво 45+1.минута ја затресоа гостинската мрежа.

Се играше 72.минута кога младиот Инасио го зголеми водството на Дортмунд од 3:1 со својот деби гол за “милионерите“.

Гостите преку Буркардт во самиот финиш на мечот ги поставија конечните 3:2.

По мечот и емоции на “Сигнал Идуна Парк“ откако Никлас Циле се прости од фановите на Дортмунд со оглед на тоа дека најави крај на кариерата по завршувањето на сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk