logo
logo
logo

Ужасни вести за Канада: Алфонсо Дејвис го пропушта Мундијалот?!

Vecer | 08.05.2026

Ужасни вести за Канада: Алфонсо Дејвис го пропушта Мундијалот?!

ФОТО:facebook.com/fcbayern.en/

Лоши, ужасни вести за Канада денеска од Минхен. Најдобриот играч на Канада, Алфонсо Дејвис, се најде во центарот на вниманието, бидејќи Баерн објави дека левиот бек се повредил и дека за него сезона е завршена. Дејвис играше во среда во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ кога доби шанса во второто полувреме, но заработи повреда на мускулот на левата нога, што ќе го остави надвор од теренот неколку недели. Во финишот на натпреварот се појави и моментот кога Дејвис почувствува болка бидејќи сакаше да претрча покрај играч на ПСЖ во еден спринт, а на крајот од акцијата, на лицето на играчот на Баерн беше видлива болна гримаса.
Тој беше подложен на детален преглед кој покажа дека ја повредил тетивата на левата нога и ќе мора да паузира неколку недели. П така прашање е дали ќе биде подготвен за Светското првенство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk