logo
logo
logo

Доку го остави сонот за титула жив

Vecer | 04.05.2026

Доку го остави сонот за титула жив

Каква лудница на „Хил Дикинсон“ ни приредија Евертон и Манчестер Сити. Натпревар во кој двата тима одиграа по едно брилијантно полувреме и кој на крајот заврши со нерешен резултат 3:3. Момците на Пеп Гвардиола беа пред работ на бездната, но во последните секунди од мечот успеаја да се спасат и да останат во трката за титулата.

Сити влезе во натпреварот со императив за победа и очекувано доминираше на теренот. Шансите пред голот на Пикфорд се редеа, а мрежата конечно се затресе во 43-тата минута кога Жереми Доку постигна маестрален погодок. Во вториот дел улогите се сменија. Се чинеше дека Евертон е тимот кој се бори за титула, а Манчестер Сити ја чуваше предноста стекната во првото полувреме. Домашните фудбалери „летаа“ по теренот и за само 12 минути постигнаа 3 погодоци и им зададоа голем удар на „граѓаните“ во битката за титулата. Најпрво стрелаше резервистот Бари во 68-та минута, а потоа О’Брајен и Бари повторно ја тресеа мрежата на немоќниот Донарума. Само една минута по третиот гол за Евертон, Халанд излезе сам пред голманот и погоди за намалување на резултатот. До крајот на мечот гостите притискаа и толку посакуваниот гол пристигна дури во 98-та минута кога Доку со уште еден брилијантен гол му донесе реми на Манчестер Сити.

Со ова реми Сити останува на втората позиција со 71 бод, 5 помалку од првопласираниот Арсенал, а Евертон се наоѓа на 10-тото место со 48 бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk