logo
logo
logo

Борусија (Д) не го пушта: Нов договор за Ковач

Vecer | 04.05.2026

Борусија (Д) не го пушта: Нов договор за Ковач

ФОТО:.facebook.com/BVB

Борусија (Д) започна преговори со Нико Ковач за нов договор. Како што објави весникот „Билд“, тековниот договор на хрватскиот стратег истекува во летото 2027 година, а Борусија сака да го продолжи до 2028 година.

Тоа е практика што Борусија сака да ја следи, зa тренерот да не влегува во сезона, а неговиот договор да истекува на крајот од неа. Ова докажува дека челниците на клубот од Дортмунд се задоволни од перформансите на Ковач и сакаат тој да ги води уште најмалку две сезони.

Очигледно и Ковач ја дели оваа желба и ќе остане во Борусија, иако беше споменуван во контекст на англиските гиганти Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Ковач ја презеде Борусија во февруари 2025 година и на вкупно 70 натпревари, оствари 41 победиа, одигра 13 нерешени и загуби само на 16 натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk