logo
logo
logo

Добри вести за Јуве: Дибала нема потреба од операција

Vecer | 27.02.2021

Добри вести за Јуве: Дибала нема потреба од операција

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, потврди дека напаѓачот Пауло Дибала нема да оди на операција.

„Сè уште нема вести за Дибала. Наскоро ќе разговараме со медицинскиот персонал на клубот за тоа како најдобро да ја структурираме неговата програма за закрепнување, така што Пауло ќе се врати на вистинскиот пат што е можно побрзо. Тој нема да биде опериран, во тоа сум сигурен“, рече Пирло.

Аргентинецот се здоби со повреда на коленото на 10 јануари на натпреварот од 17-то коло во италијанската Серија А против Сасуоло. 27-годишниот Аргентинец го напушти теренот уште во првото полувреме, а подоцна беше објавено дека Дибала отишол во Барселона на консултација со хирург.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk