Едуардо Камавинга ќе биде во составот на Реал (М) за реваншот со Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите. Иако по синоќешниот меч со Хетафе стана јасно дека Камавинга се повреди, последните вести од медиумите во Шпанија велат дека лекарите дале зелено светло тој да патува со тимот во Англија.
20-годишниот Французин има повреда на левото колено. Според направените медицински тестови отфрлена е прогнозата за сериозна повреда. Камавинга претрпел мало истегнување на коленото.