logo
logo
logo

Динамо Загреб го престави планот за изградба на новиот „Максимир“ (ФОТО)

Vecer | 10.04.2021

Динамо Загреб го престави планот за изградба на новиот „Максимир“ (ФОТО)

Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб го објави идејното решение за изградба на новиот стадион, кој треба да биде завршен за период од три години.

Стадионот ќе чини 60 милиони евра и треба да биде завршен најдоцна до 2024 година.

„Во моментите кога нашите играчи пишуваат нови поглавја во историјата на Динамо, за првпат ја презентираме идејата и визијата за тоа како треба да изгледа нашиот дом! Врз основа на материјалите направени од клубот и во согласност со стандардите на УЕФА, визуелниот изглед на стадионот во Максимир е дело на познатиот загрепски архитект Ото Бариќ, со неговите партнери од специјализираната компанија „Полимашин“ кои идејата и визијата ги претворија во овие фотографии“, стои во клупската објава.

Новиот стадион Динамо вклучува:

– 34.000 покриени места

– 3.000 ВИП места

– медиумски центар

– обезбедено сместување за гледачи со посебни потреби

Во изградбата на новиот стадион клубот ќе влезе заедно со стратешкиот партнер во проектот – Градот Загреб.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk