Фудбалерите на Динамо Загреб го освоија Купот на Хрватска, победувајќи ја Риека во финалето со 2:0 (0:0). Откако убедливо ја освои шампионската титула, вечерва на „Опус Арената“ во Осиек Динамо ја комплетираше „двојната круна“.
Херој на мечот беше Лука Стојковиќ, напаѓачот кој го реши ова финале со два гола, во рок од осум минути.
Риека го заврши финалето без ниту еден шут кон голот и тоа најдобро илустрира колку беше (или не) конкурентна на најмодерниот хрватски стадион.