logo
logo
logo

Динамо Киев го освои Купот и заокружи двојна круна после 14 години!

Vecer | 13.05.2021

Динамо Киев го освои Купот и заокружи двојна круна после 14 години!

Фото: www.fcdynamo.kiev.ua

Екипата на Динамо Киев е освојувач на Купот на Украина откако вечерва со 1:0 ја совлада Зарја во финалето на Купот на Украина. Динамо пред неколку денови стана првак на Украина и ја прекина доминацијата на Шахтјор Доњецк, а сега го освои и Купот, всушност го одбрани трофејот од минатата година.

Вечерва на стадионот во Темопил, Динамо славеше со голот на Циганков во првото продолжение. Во регуларниот дел беше 0:0. Истиот играч во 105 минута имаше шанса да го зголеми водството но промаши пенал. Зарја не успеа да го освои првиот трофеј во Купот.

А Динамо заокружи двојна круна во домашниот шампионат за првпат по сезоната 2006/07. За нив ова е 13-ти трофеј во Купот од осамостојувањето на Украина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk