logo
logo
logo

Димитријевиќ му „продаде“ финта на Вајли (ВИДЕО)

Vecer | 07.03.2021

Димитријевиќ му „продаде“ финта на Вајли (ВИДЕО)

Македонското дерби во Ендеса лигата му припадна на Ненад Димитријевиќ. Неговиот Хувентуд ја совлада Сарагоса за кого настапува Џејкоб Вајли со 100:95 во рамките на 25. коло во шпанскиот шампионат.

Димитријевиќ средбата ја заврши со 19. поени (2/3 за три, 6/9 за два и 1/2 за еден поен), пет асистенции и еден скок за 25:25 минути во игра. На другата страна Вајли имаше дабл-дабл ефект од 21. поен (9/16 во шутот од поле,3/4 од линијата за слободни фрлања), десет скока и едно додавање за 26:29 минути на теренот.

Нено не само што поентираше, туку имаше и актрактивни асистенции. Во еден напад добро измами Вајли, влезе кон кошот, Американецот скокна да го блокира, но плејмејкерот умешно ја додаде топката до својот соиграч.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk