logo
logo
logo

Димитар Мечкаровски нов член на Судискиот одбор при ФФМ

Vecer | 23.04.2021

Димитар Мечкаровски нов член на Судискиот одбор при ФФМ

Димитар Мечкаровски, еден од нашите најдобри судии во историјата во самостојна Македонија, кој пред само неколку месеци се пензионира и стави крај на својата долга и успешна судиска карира, е избран за нов член на Судискиот одбор при Фудбалската Федерација на Македонија.

Тој доаѓа на местото на досегашниот член Ѓорѓи Гоцевски. Инаку ова тело брои пет членови, а сега во него се Емил Божиновски, Зоран Петковски, Илир Сеља, Марјан Ристевски и новиот член Димитар Мечкаровски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk