logo
logo
logo

Џио Струмица го потврди местото во финалето на одбојкарскиот плеј-оф

Vecer | 13.04.2021

Џио Струмица го потврди местото во финалето на одбојкарскиот плеј-оф

Одбојкарите на Џио Струмица попладнево го совладаа ГОК Борец со 3:0 (25:17, 25:14, 25:15) и со тоа ја добија полуфиналната серија од разигрувањето во Првата македонска лига со 2-0 во победи.

Струмиќани ја потврдија доминацијата и експресно се пласираа во финалето, каде ги очекува пресметка со Универзитет во Тетово, кој веќе е финалист по двојниот успех против скопски Вардар.

На денешниот реванш во Велес, освојувачот на годинашниот куп лесно дојде до победата над четвртопласираниот тим од основниот дел од шампионатот.

Во финалната низа за титулата силите ќе ги одмерат двете најдобри екипи сезонава, а во неа Џио Струмица ќе влезе со предност од 1-0 во победи. Тоа значи дека најмалку ќе има две, а најмногу четири средби. Првата е закажана в петок во Тетово со почеток од 18 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk