logo
logo
logo

Џиџи пред дуелот со Струга ТЛ: За Вардар секој натпревар е тежок!

Vecer | 07.03.2021

Џиџи пред дуелот со Струга ТЛ: За Вардар секој натпревар е тежок!

По убедливиот пораз под Шара во средата од Ренова, Вардар денеска на Арената во Скопје против Струга Трим Лум ќе се обиде да се “рехабилитира“. Секако дека вардарци ги чека уште еден тежок меч, имено тие се домаќини на една од најдобрите екипи во Лигата.

“Па, за Вардар секој натпревар е тежок, но нема предавање. Ќе бидеме ослабени со неиграњето на стоперот Радуловиќ – Величковиќ кој е под суспензија. Добро е што овие денови успеавме да се освежиме, го нема веќе толку заморот и секако се надевам дека нема да ги правиме тие грешки кои ги правевме против Ренова. Играме против квалитетен тим, но јас очекувам, како и сите во Вардар, дека ќе дојдеме до позитивен резултат“ изјави за СПОРТМЕДИА, стратегот на вардарци, Никола Илиевски – Џиџи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk