logo
logo
logo

Денот кога Панчев и Најдовски станаа европски шампиони (ВИДЕО)

Vecer | 29.05.2025

Денот кога Панчев и Најдовски станаа европски шампиони (ВИДЕО)

На денешен ден, 29 мај 1991 година, белградска Црвена Звезда предводена и од нашите фудбалски легенди Дарко Панчев и Илија Најдовски ја „покори“ Европа.

Пред точно 34 години, „црвено-белите“ го победија Олимпик Марсеј на пенали и станаа европски шампиони во финалето на тогашниот Куп на шампионите на стадионот во Бари.

По 120 минути немаше голови, а потоа со подобро изведување на пенали, Ц. Звезда славеше со 5:3, а херојот на мечот беше нашата „Златна копачка“, Дарко Панчев, кој го погоди решавачкиот пенал.

Маршот на „црвено-белите“ кон врвот на Европа започна на есента 1990 година со оние 1:1 со швајцарски Грасхоперс, но на реваншот во Цирих, Звезда ја најави силата што ја имаше во тој момент со убедлива победа -1:4.

На патот до финалето, Глазгов Ренџерс паднаа во осминафиналето (3:0, 1:1), Динамо Дрезден во четвртфиналето (3:0, 2:1) и, во легендарниот двомеч, моќниот Баерн (беше 2:1 во Минхен за Звезда, а потоа 2:2 на Маракана).

Шампионскиот тим од Бари го сочинуваа Стојановиќ, Шабанаџовиќ, Маровиќ, Југовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савиќевиќ (Стошиќ) и Биниќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk