Добро утро победничка Македонија. Добро утро фудбалска ВЕЛЕСИЛО. Вообичаено на 1-ви април, на Денот на шегата, светските портали, па и ние во минатото искажувавме шеги, неверојатни резултати, едноставно во духот на денот.
Епа, ова не е шега. Иако е Денот на шегата, сепак ова е стварност. Македонија ја победи ја победи Германија. Македонија си поигра со фудбалскиот гигант и го запрепасти фудбалскиот свет.
Колку е убаво да си Македонец ова утро. Кога твојата земја, твојата репрезентација е “главна“ во светските медиуми. Кога место страшната корона се говори за Пандев, Елмас…
Уште еднаш – Добро утро СУПЕР МАКЕДОНИЈО.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата