logo
logo
logo

Дембеле: Ќе славиме, но не многу

Vecer | 14.05.2026

Дембеле: Ќе славиме, но не многу

ФОТО: FC PSG/FB

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, го коментираше триумфот од 2-0 над Ленс во одложениот натпревар од 29-то коло од француското првенство. Со овој успех, Парижаните ја обезбедија шампионската титула за сезоната 2025/26. На едно коло до крајот, ПСЖ е лидер на табелата со 76 бода, девет бода пред најблискиот ривал.

„Сакавме да дојдеме тука и да победиме. Сакаме добро да се подготвиме сега, вклучително и за финалето на Лигата на шампионите на 30 мај, но денес мораше да играме сериозно. Имаме уште еден натпревар во недела. Дали ќе славиме? Не, победата ја прифаќаме мирно, имаме натпревар за три дена, па… Секако, ќе славиме малку, но ништо повеќе. Индивидуално, тоа беше неверојатна сезона.

„Златната топка“? Смирен сум во врска со личните награди. Најважни се тимските успеси и трофеите. Ја освоивме Лига 1, францускиот Суперкуп и Интерконтиненталниот куп. Имаме одлучувачки натпревар на 30 мај“, изјави Дембеле, цитиран од француските медиуми.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk