logo
logo
logo

Дел од трансферот на Мудрик завршил за армијата на Украина

Vecer | 23.04.2025

Дел од трансферот на Мудрик завршил за армијата на Украина

Некогашниот клуб на Михаило Мудрик, украинскиот репрезентативец, Шахтјор Доњецк, објави дека дел од парите кој што биле добиени со неговиот трансфер во Челзи своевремено биле доделени на армијата на Украина.

Мудик замина за огромна сума во Англија од 70 милиони, а 25 милиони фунти клубот веднаш и ги дал на армијата во битката против Русија.

„Ринат Ахметов сопственикот на Шахтјор Доњецк, донираше 25 милиони евра од продажбата на Мудрик на армијата. Тој е посветен на својата земја и донирал над 315 милиони евра од почетокот на конфликтот, што е најголема сума донирана од поединец или компанија“, рече Сергеј Палкин, извршен директор на Шахтјор.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk