Селекторот на Холандија, Франк Де Бур, објави список од 34 играчи кои ќе конкурираат за настап на престојното ЕП, а потоа истиот список ќе биде скратен.

И покрај најавите, сепак, го нема ветеранот Арјен Робен. Од оние кои можеби се очекуваше да го има, а го нема, е Рајан Бабел. Го нема ниту Вирџил Ван Дајк поради повреда.

Сепак, составот делува доста моќно, спој на младост и на искуство кое ќе треба на Холандија да и донесе минимум пласман во нокаут фазата на ЕП.


sportmedia.mk