logo
logo
logo

Дарко Илиески: Ни малку не е сјајна ситуацијата во Пелистер!

Vecer | 18.05.2021

Дарко Илиески: Ни малку не е сјајна ситуацијата во Пелистер!

Пелистер пролетва беше хит во ПМФЛ. По добрите игри избори директен опстанок, за тоа најзаслужни се играчите и тренерот Димитар Капинковски.

Јавна тајна е дека играчите овој успех го направија и покрај тоа што во клубот има големи проблеми. Платите се нередовни, пари во клубот едноставно нема. Сите креваат раменици што и како понатаму. Играчите се веќе на одмор, но со внимание следат што се случува во Пелистер.

Дефанзивецот Дарко Илиески за СПОРТМЕДИА вели дека ситиуацијата во Пелистер не е ни малку сјајна.

Па, факт е дека има големи проблеми. Се беше супер некаде до декември – јануари, просто и јас бев позитивно изненаден како тоа се даваат најредовно платите. Но потоа наидоа проблемите, јавна тајна е дека ние во неколку наврати ги стопиравме тренинзите, се со цел од раководството барем некоја плата да добиеме. Реков, има големи проблеми во Пелистер. Штета, оваа пролет на резултатски план навистина беше одлично, но кога се нема пари, тешко се игра“ вели Илиески.

Инаку тој се надева дека набргу ќе решат проблемите.

Мене ми истекува договорот, и ако има добра понуда секако дека морам да мислам на мојата иднина. Но, јас сакам да останам во Пелистер, тука нема дилеми, но само ако клубот финансиски закпрепне. Се говори дека Пелистер треба да добие нов газда, барем така се шпекулира, но ајде да сочекаме некој ден. Искрено се надевам дека ќе биде подобро. Чкембарите и фудбалска Битола, но и фудбалска Македонија залсужуваат силен Пелистер“ заклучи Илиески.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk