logo
logo
logo

Данијела го маѓепса Џорџ, НБА суперстар со српска кујна

Vecer | 25.06.2022

Данијела го маѓепса Џорџ, НБА суперстар со српска кујна

Пол Џорџ и Данијела Рајиќ стапија во брак, но нивниот однос не бил секогаш идиличен.

Тие се запознале во Мајами 2015 година, додека Србинката Данијела работела како го-го танчерка и стриптизета, а се гледале неколку месеци пред да биде откриено дека Данијела затруднела.

Следувал турбулентен период во кој дури завршиле и на суд, а наводно кошаркарот и  нудел милиони како би абортирала.

Сепак на крајот најдоа заеднички јазик, започнаа нов живот, се свршија и стапија во брак.

Данијела често на социјалните мрежи става фотографии од приватниот живот, па така на Инстаграм завршија и оние на кои се гледа дека таа Пол го храни со српски специјалитети.

Нема сомнеж дека сармата и убаво филуваните обладни биле решавачки славниот кошаркар да остане покрај така добра домаќинка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk