logo
logo
logo

Данците на три и пол часа пред дуелот со Македонија ќе пристигнат во Скопје

Vecer | 09.03.2021

Данците на три и пол часа пред дуелот со Македонија ќе пристигнат во Скопје

Македонската ракометна репрезентација во четврток го пречекува актуелниот светски првак, Данска во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2022 година.

Николај Јакобсен и неговите момци во Скопје ќе пристигнат на три и пол часа пред почетокот на натпреварот со Македонија. Данците ќе ручаат во својата земја и потоа со чартер ќе заминат кон нашиот главен град, пристигнувањето на чартер летот е закажан за 16:25.

Имале само две барања, да ги чека овошје и да добијат соби за краток одмор. По завршување на средбата веднаш ќе заминат за Алборг, каде во недела се игра реваншот.

По воведување на полицискиот час во нашата земја, кој на стила стапува од утре и истиот е со почеток во 22 часот, се чека информација дали и средбата меѓу Македонија и Данска закажана за 20 часот ќе се одигра нешто поразно.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk