logo
logo
logo

Дамјан Стојановски: Верувам во пласман на ЕП!

Vecer | 15.02.2021

Дамјан Стојановски: Верувам во пласман на ЕП!

Дамјан Стојановски со години наназад е еден од најстандардните во нашиот национален тим. И еден од носителите на играта во составот кој селекторот Александар Тодоров го креираше за овој квалификациски циклус.

Нема да биде ништо поразлично и пред „балонот“ во Перм, односно одлучувачките битки за пласман на европскиоот шампионат кој догодина ќе се одржи во четири различни земји.

Непосредно пред заминувањето на нашиот национален тим за Русија искусниот поентер ги искажа своите очекувања за февруарскиот „прозорец“ на ФИБА.

Добра вест е што на овој прв дел од подготовките се појавија сите 15. повикани кошаркари?

Да, одлична вест е дека сите повикани кошаркари се појавија на повикот, работевме заедно од првиот па се до последниот тренинг во Скопје, и се надевам дека сите ќе бидеме здрави, и дека одиме во Русија во полн состав“.

По здравствените проблеми пред и после Талин, сега во Перм, наместо два ќе треба да одиграме дури четири натпревари за пет дена?

Четири натпревари во пет дена е многу напорно темпо. Но немаме многу голем избор. Токму поради тоа е добро што се јавија сите повикани играчи за секој да помогне за пласман на Европско првенство“.

Добро е што за разлика од минатиот „балон“ во Естонија, за оној во Русија стручниот штаб има подолг ростер на играчи за еден ваков турнирски систем налик на група од ЕП?

Секако, поголемиот ростер на играчи на ваков турнирски систем на натпреварување многу значи, особено ако се знае дека играме четири натпревари за пет дена“.

Впечаток е дека јавноста очекува сите сили да ги сконцентрираме на дуелот со Естонија. Но претходно нè чекаат и други три натпревари. Два од нив против веќе пласираната Италија, и еден против домаќинот – Русија?

Сметам дека на секој натпревар треба да влеземе максимално подготвени. И доколку извојуваме некоја победа пред средбата со Естонија ќе биде од големо значење пред тој дуел со Естонија“.

Верува ли Дамјан Стојановски дека оваа наша селекција може да обезбеди пласман на ЕП преку „балонот“ во далечниот Перм?

Се разбира дека верувам, со добра подготовка и позитивна енергија мислам дека имаме добри шанси за пласман на Европското првенство“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk