По се она што се случува на Блискиот Исток, почнаа шпекулации дека претстојното СП ќе биде одложено. Дали навистина ќе бде така стигна одговорот од ФИФА Директорот за операции на Светското првенство во ФИФА, Хајмо Ширги, изјави дека нема прашање за одложување на турнирот во 2026 година, и покрај глобалните тензии и воените конфликти во светот.
Ширги ова го изјави за време на говорот во Далас, каде што ќе се наоѓа идниот Меѓународен медиумски центар за турнирот, кој започнува на 11 јуни и завршува на 19 јули.
„Да имав кристална топка, би можел да ви кажам што ќе се случи, но ситуацијата постојано се менува и ние внимателно ја следиме. Светското првенство, секако, ќе се одржи. Турнирот е едноставно преголем.“ истана тој.
Ширги нагласи дека ФИФА внимателно ги следи последиците од војната во Иран, но дека организацијата секојдневно ја проценува безбедносната ситуација во соработка со меѓународните партнери.
„Работиме со сите федерални и меѓународни партнери, ја анализираме ситуацијата секој ден и во одреден момент ќе имаме јасни решенија.“ дополни Ширги.
Тој исто така додаде дека ФИФА е во постојан контакт со Иранската фудбалска асоцијација, но не сакаше да ги открие деталите од разговорот.