logo
logo
logo

Дали Мбапе заврши со Реал: “Бернабеу“ со невидени свирежи го “поздрави“ Французинот!

Vecer | 14.05.2026

Дали Мбапе заврши со Реал: “Бернабеу“ со невидени свирежи го “поздрави“ Французинот!

ФОТО: Real Madrid FC/FB

Дали вечерва Килијан Мбапе заврши со Реал Мадрид? Се разбира дека ова е големо и значајно прашање, ама кога мега – ѕвездата влезе во игра на мечот со Овиедо, цел “Бернабеу“ со невидени свирежи го “поздрави“ Французинот во таа 70.минута. Такви свирежи кон еден свој играч одамна не се видени, поточно слушнати на култниот стадион во Мадрид. Ова доаѓа по “одморот“ на Мбапе во време додека беше повреден и за се она што се “врзуваше“ со него во последно време.

А тој надмено само се потсмевнуваше додека фановите го исвиркуваа и тоа секогаш кога ќе ја допреше топката.

Треба да се додаде дека фановите “гласаа“ тој да си оди на една онлајн платформа, во голема бројка. До пред некој ден гласаа повеќе од 60 милиони тој да си замине.

Само за потсетување, кога дојде пред две години беше пречекан како КРАЛ. Сепак тој сега е непожелна личност за фановите на Реал Мадрид.

Кога сме кај натпреварот Реал Мадрид успеа да го победи Овиедо со 2:0 со головите на Гарсија во 44.минута и Белингам во 80.минута.

Пред натпреварот а во воведните минути од вечерашната средба дел од фановите на Реал Мадрид жестоко се расправаа со првиот човек на клубот Флорентино Перез.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk