logo
logo
logo

Далас поразен во тексашкото дерби, Клиперс незапирливи

Vecer | 12.04.2021

Далас поразен во тексашкото дерби, Клиперс незапирливи

Сан Антонио Спарс славеше на  крилата на ДеМар Дерозан во големото и до крај напнато тексашко дерби синоќа против екипата на Далас во продолжението од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Сан Антонио дојде до победа од 119:117, со што на Далас му создаде нова главоболка во битката за плеј-офот.

Кошаркарите на Далас влегоа во дуелот како фаворити, откако овој месец загубија само од Хјустон, додека Спарс имаа серија од пет порази. Клучна за поразот на Мавси беше третата четвртина во која примија дури 37 поени со многу лоша игра во одбраната. За среќа им функционираше шутот па успеваа да одржат некаква рамнотежа до крајот на мечот. Сепак, на минута и 14 секунди до крајот Далас остана без Порзингис кој направи шест лични грешки, а Сан Антонио тоа го искористи и се избори за победа.

Дерозан со 33 поени беше најефикасен на мечот, додека Порзингис заврши со 31 поен, а Дончиќ постигна 29 за Далас.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=TbZ_HoUHqmo[/embed]

Победничката низа ја продолжија и ЛА Клиперс, кои синоќа го совладаа Детроит со 131:124 со што ја остварија и петтата последователна победа.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Њу Орлеанс 109-116

Орландо – Милвоки 87-124

Далас – Сан Антонио 117-119

Мемфис – Индијана 125-132

Минесота – Чикаго 121-117

Њујорк – Торонто 102-96

ЛА Клиперс – Детроит 131-124

Портланд – Мајами 98-107

Шарлот – Атланта 101-105

Денвер – Бостон 87-105


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk