logo
logo
logo

ДА ВЕ НЕМА ВАС СРБИТЕ, БИ ТРЕБАЛО ДА ВЕ ИЗМИСЛАТ! Србија конечно во вистински раце

Vecer | 08.05.2021

ДА ВЕ НЕМА ВАС СРБИТЕ, БИ ТРЕБАЛО ДА ВЕ ИЗМИСЛАТ! Србија конечно во вистински раце

Хрватскиот фудбалски стручњак Ќиро Блажевиќ смета дека успех на просторите на Балканот не се простува, а во тоа води Србија.

- За овие простори важи една иста девиза – се ќе ти простам, но успехот нема! Па вие Србите прваци сте во тоа! Нема како вас во светот. Човек ќе освои се, а вие го менувате и носите некој левак (Младен Крстајиќ з.а.) Вие сте исти како нас по кнцентрат на таленти, но ние постигнуваме резултати, а вие никако на зелена гранка – рекол Блажевиќ во интервју за неделникот “Експрес“.

Се осврнал на “тренерот на сите тренери“ и на доаѓањето на Драган Стоиљковиќ Пикси на местото селектор на “орловите“.

- Уверен сум дека ќе постигне успех бидејќи беше генијален играч. Мислам дека после се репрезентацијата на Србија е во вистински раце – порачал Блажевиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk