logo
logo
logo

ЦСКА на победа до полуфинале во Евролигата

Vecer | 23.04.2021

ЦСКА на победа до полуфинале во Евролигата

Кошаркарите на ЦСКА Москва поведоа со 2-0 во серијата од четвртфиналето на Евролигата против Фенербахче, откако вечерва во вториот натпревар од четвртфиналето, Русите дома уште еднаш беа подобри од Турците, овој пат со резултат 78:67.

По минималното почетно водство на Фенербахче, ЦСКА ја презеде контролата и успеа до крајот на мечот да го диктира темпото. Домаќинот беше во водство во текот на целиот трет период, а Фенербахче во два наврати успеа да дојде на два поени разлика, но тимот на Итудис влезе со +5 во решавачките десет минути.

Хакет со 14 поени беше најефикасен кај домашните, додека Гудуриќ со 27 поени беше лидер кај Фенер. ЦСКА ќе има можност да го потврди пласманот на Фајнл-фор турнирот во Евролигата на 28 април кога е закажан третиот дуел, прв во Истанбул.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk